Можни состави – Муслиу се враќа во одбраната, Милевски бара место за Николов и Миовски против Германците (Фото)

Благоја Милевски ќе го врати во првиот состав стоперот Висар Муслиу, а бара место во почетниот состав и за Бобан Николов и за Бојан Миовски, или Адис Јаховиќ против Германија, како три можни измени од тимот што го победи Лихтенштајн со 4:0 во Вадуз пред три дена.

Муслиу ќе го замени Кире Ристевски, а веројатно и Николов кој постигна прекрасен гол против Лихтенштајн ќе почне вечерва од 20.45 часот на местото на Стефан Спировски.

Принудна замена ќе има и на позицијата шпиц, бидејќи Милан Ристовски не смее да игра поради два жолти картони, па се очекува деби на Бојан Миовски, или да почне Адис Јаховиќ.

Сите останати девет превотимци од Вадуз би требало да почнат и вечерва на националната арена „Тодор Проески“ против првиот фаворит во нашата група.

Кај Германците основна дилема на Ханси Флик е дали голманот и капитен на тимот, Мануел Нојер ќе може да брани во Скопје. Марк-Андре Тер Штеген бранеше против Романија, но и против нас во март во Дуиснург кога победивме со 2:1.

Можно е во стартниот состав да биде Томас Милер, кој го даде победничкиот гол за Германија против Романците пред три дена.  Неизвесен е и настапот на стоперот Рудигер.

МОЖНИ СОСТАВИ

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски – С. Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски – Адеми, Николов, Елмас- Чурлинов, Миовски (Јаховиќ), Трајковски.

ГЕРМАНИЈА: Тер Штеген (Нојер), – Керер, Гинтер, Зиле, Клостерман – Кимих, Горецка – Сане, Хаверц, Гнабри – Милер.

 

- Оглас -

Најнови вести