Можно ли е: Роналдо на лето се сели во Париз?

Кристијано Роналдо веќе ја изненади фудбалската јавност со трансферот во Јувентус од редовите на Реал Мадрид минатата година, но се чини дека Португалецот подготвува уште едно големо изненадување за летото 2020 година. Како што известува португалскиот медиум „Дон Балон“, Роналдо би можел да направи преселба во Франција, поточно во редовите на шампионот ПСЖ, но за тоа ќе треба да се подредат коцките.

За да се оствари овој трансфер, прво Светците ќе треба да го испратат Нејмар во Барселона, а дури потоа да вложат средства за услугите на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Се споменува сума од 150 милиони евра, а знаејќи дека Јувентус плати нешто повеќе од 100 милиони евра пред повеќе од една година, би имале шанса да заработат од продажбата на Роналдо.

Сепак, сега е рано да се зборува за оваа трансфер сага која допрва ќе се развива, бидејќи само што помина воведниот дел од актуелната сезона во фудбалска Европа, но како што изминува времето овие шпекулации ќе бидат сè почести.

 

- Оглас -

Најнови вести