Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, иако по поразот од Локомотива Загреб понуди оставка, управата го награди со уште една поважна функција.
„Од професионални и морални причини, чувствував дека морам да одам кај престедателот Чрнко и да понудам оставка. Но, претседателот не ја прифати оставката и се договоривме како да решиме некои работи и да се извлечеме од оваа ситуација, а верувам дека можеме“, рече пред два дена Ангеловски.
Популарниот Мрме пред денешната средба против Хајдук е назначен и за спортски директор на тимот кој се наоѓа на последното коло во Хрватската лига само со шест бода, додека претпоследната Риека има 12 бода.
„Управниот одбор на ХНК Горица му даде полна и безрезервна поддршка на тренерот и спортски директор Игор Ангеловски без никакви ограничувања до крајот на натпреварувачката сезона“, стои во соопштението на клубот.
Ангеловски на оваа функција го наследи актуелниот претседател на клубот Ненад Чрнко. Оваа улога не е непозната за Ангеловски бидејќи од 2008 до 2013 година беше спортски директор на Работнички.