Кристал палас иако имаше водство од два гола против Евертон, на крајот со наведната глава си замина од „Гудисон парк“. Менаџерот на овој тим, Патрик Виеира, нема право да биде задоволен од вториот дел, а по крајот на средбата, тој му даде една „воспитна“ на еден фан на Евертон.
Навивачот со телефонот во рака му кажуваше непристојни зборови на предводникот на Кристал палас, а овој по неколку секунди го загуби трпението, па се реши да му даде една воспитна клоца. Медиумите во Англија го осудија овој потег на Виеира, кој може да добие и суспензија од ФА.
Patrick Vieira kicking an Everton fan to the ground 🤣🤣🤣 pic.twitter.com/p6fVvYnzTd
— Breezy (@UtdBreezy) May 19, 2022