Му го утнаа идентитетот во Алжир, сега е херој на Клуж (Видео)

Билел Омрани е вистински херој на романскиот првак Клуж и со три гола беше најзаслужен за елиминацијата на Астана и за пласман на својот тим во четврт-финалната рунда во квалификациите за Лигата на шампионите.

Омрани нанижа хет-трик во победата на Клуж од 3:1, а особено убав беше третиот и решавачки гол со петица.

https://www.youtube.com/watch?v=TLda1n_6gCg

Клуж успеа и покрај негативата од првиот меч од 1:2 и раното водство на Астана во реваншот со погодок во четвртата минута да направи целосен пресврт и да приреди подвиг.

Заслугите одат на сметка на 26-годишниот Омрани, кој има и интересна приказна. Играше за Олимпик Марсеј, а ги мина и националните селекции на Франција за играчи до 17 и 18 години. Дури настапи и за младите „триколори“ на ЕП до 17 години, а потоа стигна и повик за него од земјата од која потекнуваат неговите родители, од Алжир.

Но, по грешка, наместо нему, покана му стигна на друг играч на Олимпик Марсеј, а медиумите во Алжир жестоко ја нападнаа Федерацијата и селекторот на селекцијата до 23 години.

Омрани потоа се налути и го одби новиот повик, овојпат за настап за алжирската репрезентација до 20 години и не играше на шампионатот на Африка за играчи до 20 години.

 

- Оглас -

Најнови вести