Му скршија четири заба, соиграчот му ги собра од теренот и му ги даде на судијата (видео)

Од дуелот меѓу Атлетико и Коринтијанс во бразилската Серија А како најинтересен момент може да се издвои фаулот врз Ромуло Отеро, по што фудбалерот на гостите остана без четири заба.

Противникот со ногата го удри во глава, силниот удар му ги скрши забите на Отеро, а потоа соиграчот ги собираше по тревата и му ги даде на главниот арбитар.

Тој ги предаде на неговиот помошник да ги чува, па Отеро сега треба да оди на стоматолог да му ги наместат, инаку остана без насмевка.

- Оглас -

Најнови вести