Мултимилионер си купи осмолигаш во Англија и ќе биде и газда и тренер

Малку познатиот клуб од осмата по ранг лига во Англија Ромфорд има нов сопственик, и тоа мултимилионер, кој пристигна за да направи бум.

Се разботи за Глен Темплин, познатитиот тајкун од челичната индустрија во Англија. И веднаш по пристигнувањето на членот на Иштмијан лигата, кој игра во Дивизијата Север, Темплин купи 15-мина играчи, меѓу нив и поранешниот ас од Премиер лигата Џермејн Пенант.

Темплин е познат како контроверзен сопственик на уште еден клуб од кој ќе правеше фудбалско чудо, но го напушти Билерикеј и се префрли во Ромфорд.

Во претходниот клуб вложи 3 милиони фунти, но сега и си замина, па ќе се обиде со нов релативно анонимен клуб да стигне во повисоките лиги во Англија.

При доаѓањето во Ромфорд, веднаш го избрка целиот стручен штаб и се именува самиот себеси за нов менаџер, што ќе го води тимот од клупата.

 

- Оглас -

Најнови вести