„Мундо депортиво“: Зидан го интересира само еден тим, но тие не го сакаат

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Зинедин Зидан, од 2021 година е надвор од фудбалот, откако беше тренер на Реал Мадрид и освои 11 трофеи, од кои дури три во Лигата на шампионите. Сепак, славниот Французин одлучи привремено да ја прекине својата тренерска кариера и оттогаш е без ангажман.

Голем број екипи се споменуваат дека го посакуваат Зидан на својата клупа, веројатно дел од тие се и шпекулации, но шпанскиот весник „Мундо депортиво“ пишува дека за Французинот постои само една опција, репрезентацијата на Франција, но од Фудбалскиот сојуз велат дека тоа не е можно.

„Зинедин Зидан е споменик на францускиот фудбал. Тоа не е спорно. Треба да му бидеме благодарни за сè што направи за народот во Франција. Воедно, сакам да напоменам дека го имаме најдобриот тренер во Франција со договор до 2026 година. За оваа работа нема што повеќе да се каже“, рече претседателот на Фудбалскиот сојуз на Франција, Филипе Дијало.

Сепак, иако веројатно нема да му се исполни желбата и веднаш да биде селектор на Франција, Зидан сосема извесно од следната сезона ќе се врати во тренерите, но тоа со сигурност нема да биде екипата на Баерн Минхен, од каде што потврдија дека Французинот ја одбил нивната понуда.

- Оглас -

Најнови вести