Мундобаскет 2019: Лесна група за бранителот на титулата САД

Светското првенство во кошарка ќе се игра од 31 август до 15 септември во Кина, а денес беа извлечени групите за финалниот турнир. Репрезентациите се поделени во осум групи по четири учесници.

Актуелниот светски шампион, селекцијата на САД доби лесна група, ќе игра против Јапонија, Турција и Чешка Република. Европскиот и светски вицепрвак, репрезентацијата на Србија во групата Д ќе се соочи со Италија, Филипини и Ангола. Домаќинот Кина ќе учесвува во групата А, каде за противници ќе ги има Брегот на Слоновата Коска, Полска и Венецуела.

Според костурот, групите на САД и Србија се вркстуваат во втората фаза од натпреварувањето, па можно е да се случи полуфинална пресметка, односно реприза од финалето на последното СП.

Групи СП 2019:

А: Брегот на Слоновата Коска, Полска, Венецуела, Кина.

Б: Русија, Аргентина, Јужна Кореја, Нигерија.

Ц: Шпанија, Иран, Порторико, Тунис.

Д: Ангола, Филипини, Италија, Србија

Е: Турција, Чешка Република, САД, Јапонија

Ф: Грција, Нов Зеланд, Бразил, Црна Гора

Г: Доминиканска Република, Франција, Германија, Јордан

Х: Канада, Сенегал, Литванија, Австралија

- Оглас -

Најнови вести