Мунијаин ја „украде“ победата на Реал Сосиедад во баскиското дерби (ВИДЕО)

Екипите на Реал Сосиедад и Атлетик Билбао одиграа 1:1 во дербито на Баскија.

Иако домаќините водеа до последните моменти, сепак Икер Мунијаин со гол од слобден удар им  ја „украде“ победата.

Голот за Реал Сосиедад го постигна Александар Исак во 55-тата минута, а со ремито овој тим сега има 25 бода и еден повеќе од второпласираните Реал Мадрид и Севилја.

За Билбао, пак, ова е трето реми во последните пет средби, а во моментов се наоѓаат на деветтото место со 18 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести