Мурињо: Ако КОНМЕБОЛ сака гледаност на Копа Америка, треба да покани европски земји

Жозе Мурињо им понуди совет на челниците на КОНМЕБОЛ околу нивниот проблем со посетеност и гледаност на Копа Америка. Португалскиот стратег смета дека доколку се поканат европски земји на јужноамериканското натпреварување, тоа ќе привлече повеќе фудбалски љубители.

Но, Мурињо не застана таму, тој ги наведе најквалитетните репрезентации од Стариот Континент, како Франција, Португалија и Шпанија, а смета дека Кристијано Роналдо со својата селекција побрзо би ја освоил Копа Америка отколку Лео Меси со неговата Аргентина.

„Доколку КОНМЕБОЛ сака да ја зголеми гледаноста на Копа Америка и воедно сака да го направи поконкурентно натпреварувањето, треба да покани европски земји. На пример, многу повеќе би се следела Копа Америка ако играат репрезентации како Франција, Шпанија или пак Португалија. Тоа би било одлично за сите, а исто така верувам дека доколку Португалија учествува, Кристијано Роналдо побрзо би станал јужноамерикански првак отколку Меси со неговата Аргентина“, вели Мурињо.

Оваа година две земји кои добија покана да учествуваат беа Катар и Јапонија, кои натпреварувањето го завршија уште во групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести