Мурињо: Честитки за УЕФА за тоа што организира вакво натпреварување и ни додели одличен судија

Жозе Мурињо и неговата Рома со 1:1 ќе го дочекаат Лестер на реваншот од полуфиналето во Конференциската лига на Европа.

Италијанскиот претставник долго време имаше предност на вчерашното гостување, но не успеа да ја задржи, додека Португалецот имаше големи забелешки за Карлос дел Серо, главниот судија од Шпанија.

„Секоја чест за УЕФА што организира вакво натпреварување и што додели ваков судија да го суди мечот. Оваа средба беше предобра за Конференциската лига, а некој што првпат гледа од страна, ќе си помисли дека станува збор за некој друг турнир“, изјави саркастично Мурињо.

Во второто полуфинале играат екипите на Олимпик Марсеј и Феенорд, а холандскиот тим по првата средба има предност од 3:2.

 

- Оглас -

Најнови вести