Мурињо е доктор за дуелите против Арсенал

Арсенал го пречекува Тотенхем во големото лондонско дерби во Премиер лигата. Топчиите сзонава играат разочарувачки и затоа се на 10 место на табелата со неверојанти 33 бода помалку од лидерот Манчестер сити. Тотенхем влезе во добра серија и нареди три победи по ред, па тимот на Жозе Мурињо со самодоверба оди на гостувањето кај локалниот ривал.

Тотенхем е тим кој со евентуална победа може да скокне до петото место на табелата и да биде само три бода зад Челзи кој е на посакуваната позиција за пласман во Лигата на шампиони. Арсенал сезонава на свој терен игра многу променливо, па има по пет победи и исто толку порази и три нерешени. Тотенхем е солиден на гости со шест победи во 13 средби.

Тоа што е битно за овие мечеви е дека Мурињо како тренер ја има формулата како да се справи против Арсенал. Португалскиот стратег досега 18 пати водел тим против Арсенал и има само еден пораз. Во есенскиот дел од сезоната, Тотенхем без многи проблеми победи со 2:0. И пред денешниот дуел, Мурињо го испровоцира противникот велејќи дека тој не гледа надоле на табелата каде што е Арсенал, туку фокусот му е да оди напред.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета во дербито најверојатно ќе влезе со формација 4-2-3-1, со Обамејанг како најистурен во нападот.

Еден од главните адути на Мурињо за дербито може да биде добрата форма на Герет Бејл кој се повеќе добива доверба и е во стартниот тим. И Тотенхем се очекува да игра во формација 4-2-3-1, а Кејн е задолжен за голови.

 

- Оглас -

Најнови вести