Мурињо е мало дете за тренерот на Ботошани, полуде кога тимот му прими гол во последна минута (Видео)

Ботошани беше блиску до победа на гостувањето кај Сепси Сфинтул Георге, но Бугаринот Радослав Димитров даде гол за 2-2 во последните секунди од натпреварот. Ова многу тешко му падна на тренерот Михаи Чобану, кој буквално полуде, откако првата реакција му беше тотално разочарување и очај.

Македонецот Ашковски влезе во второто полувреме, додека Бабунски не беше во составот, па веројатно се спаси од „грмењето“ на тренерот во соблекувална после мечот. Ако Чобану вака се однесуваше на терен, којзнае што правел кога никој не го гледаше.

Погледнете го голот кој придонесе за шоу на романскиот тренер:

https://www.youtube.com/watch?v=d96OpMI3lHA

- Оглас -

Најнови вести