По неколку месеци пауза, Жозе Мурињо повторно се активираше во тренерските води откако реши да седне на клупата на Фенербахче. Целта на доведувањето на Мурињо е Фенербахче да ја прекине доминацијата на Галатасарај, екипа која минатата сезона на убедлив начин (само еден пораз) стгина до титулата.
Неколку познати фудбалери доведе Мурињо во Фенербахче, а уште малку фали да се комплетира составот кој ќе биде конкурентен за освојување на титулата во домашното првенство. Последниот играч кој се очекува да пристигне во Фенербахче е Ибрахим Сангаре кој е играч на Нотингем Форест и член на репрезентацијата на Брегот на слоновата коска.
Нотингем Форест за овој играч плати 30 милиони фунти кога го доведе од ПСВ Ајндховен, но во минатата сезона одигра само 13 меча во Премиер лигата.
Според најавите, токму позицијата на дефанзивец играч за врска на која што игра Сангаре, моментално уште не е комплетирана за да се состави можеби најсилниот тим што Фенер некогаш го имал.