Мурињо: Гледам нагоре, а не доле кај Арсенал

Тотенхем нареди пет победи по ред во сите натпреварувања и самодовербата кај Жозе Мурињо порасна. Португалскиот стратег верува дека неговиот тим има квалитет да се бори за Топ 4 во Премиер лигата, а тоа треба да го потврди и на следниот меч, големото лондонско дерби против Арсенал.

Топчиите се домаќините, но факт е дека Арсенал сезонава не игра на посакуваното ниво и моментно е на 10 место на табелата со само 38 бодови. Тотенхем досега освои 45 бода и е само на пет бода помалку од четвртиот Челзи.

„Јас гледам нагоре, а не надолу. Ако Арсенал имаше седум бода повеќе од нас, ќе гледав кон нив, а вака ние сме со седум плус во однос на нив. Јас не гледам надолу. Чувствувам дека сме во добра ситуација и ако сакаме уште повеќе да напредуваме на табелата, мора да освојуваме поени. Нема значење кој е противникот, нема значење што ова е лондонско дерби, ние одиме да освоиме бодови“, рече Мурињо, кој како тренер има одличен биланс во дуелите со Арсенал.

Градското дерби се игра в недела, а Арсенал ја има улогата на домаќин.

 

- Оглас -

Најнови вести