Бил на свадба кога ненадејно добил повик да игра за Бразил на СП 2026

Фудбалерот за врска на Аталанта, Едерсон, за кого се шпекулира дека ќе прејде во Манчестер јунајтед, по повредата на бекот Весли, ненадејно доби повик да биде дел од Селесао на Мундијалот.

Едерсон не бил спремен на ваков позитивен шок, а веста дека Карло Анчелоти го повикал на СП, ја добил додека бил на свадба во Сао Пауло кај некогашен соиграч.

Веднаш се спакувале со сопругата и заминале кон САД, а претходно морало набрзина да се организира и добивање на пасошот кој не го носел со себе туку му бил во Рио де Жанеиро.

Бразилците за пет дена го играат својот прв меч на СП, противник им е Мароко.

- Оглас -

Најнови вести