Мурињо: Головите беа помали, па баравме да се постават голови со вистински димензии

Тотенхем даде три гола и без многу проблеми ја елиминираше Шкендија во квалификациите од Лигата на Европа. Англискиот тим во последните 20 минути целосно го скрши отпорот на тетовци, а тренерот Жозе Мурињо задоволен си замина по средбата.

Португалскиот стратег на пресот по мечот откри и една необична ситуација. Голманите на Тотенхем реагирале на големината на головите на теренот.

„Пред мечот се случи една смешна ситуација. Моите голмани ми рекоа дека головите се помали од стандардните. Голманите целото време го поминуваат на тие голови и ја знаат големината. Веднаш знаев дека нешто не е во ред и побарав од делегатот на УЕФА да се премерат головите. Моите голмани беа во право, головите беа 5 сантиметри помали и веднаш побаравме да бидат ставени голови со вистинска димензија“, раскажа Мурињо на пресот по мечот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести