Мурињо: Кога, ако не сега до европскoто злато?

Новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, има одлично искуство во англискиот фудбал. Како поранешен тренер на Челзи (во два наврати), Тотенхем и Манчестер јунајтед, Мурињо е компетентен да зборува за квалитетот кој го има селекцијата на Гордиот Албион. Во мини-анализата која ја направи, Португалецот верува дека сега е дојдено време Англија да стигне до првата европска титула.

„Оваа генерација е преполна со квалитетни играчи. Неверојатни се. На селекторот Саутгејт нема да му биде воопшто лесно да одбере кои ќе играат. Погледнете само на десната странична позиција колкав избор има. Покрај Бразил, најголем е притисокот да си селектор на Англија. Што се однесува до шансите, групната фаза е во Англија, полуфиналето и финалето повторно се во Англија, што значи дека сега е нивната шанса да го направат тоа што не успеаја во 1996 година, кога беа домаќини“, вели Мурињо.

Англија е во група со Шкотска, Хрватска и Чешка, а првиот меч го игра на „Вембли“, на 13 јуни против Хрватска, селекција од која беа елиминирани во полуфиналето на Светското првенство во Русија пред три години.

 

- Оглас -

Најнови вести