Мурињо откри кој е виновен што Милан ја прекина неговата неверојатна низа

Рома на свој терен загуби од Милан со 1:2, па Римската волчица веќе заостанува 12 бодови зад водечкиот двоец во Серија А. Златан Ибрахимовиќ даде фантастичен гол со кој Милан поведе со 1:0 и го најави триумфот во Рим. Кеси погоди од пенал за 2:0 во второто полувреме, а Рома почесниот гол го постигна во судиското надополнување преку Ел Шарави.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо беше лут поради поразот, а вината ја насочи кон судиите. Португалецот по овој пораз прекина една неверојатна низа. Тој немаше пораз на домашен терен на претходните 43 натпревари на домашен терен во Серија А, што беше најдолга серија за еден стратег во италијанското првенство во последните 27 години.

„Честитки за Милан. Не сакам да коментирам ништо друго затоа што може да се случи следниот меч да не бидам на клупата. Многу сум лут од недостатокот на почит кон навивачите на Рома. Ние не игравме добро, но ги оставивме нашите срца на теренот. Едвај се воздржав да не го чекам судијата по мечот“, рече Мурињо.

 

- Оглас -

Најнови вести