Мурињо по победата над Калјари, вечераше на улица пред стадионот

Кога се работи за Жозе Мурињо, никогаш не е досадно. Во дербито против Наполи, португалскиот стратег доби црвен картон и поради тоа не можеше да ја предводи Рома на синоќешниот меч против Калјари на гости.

Сепак, Мурињо беше на стадионот и од трибините ја следеше играта на неговиот тим, кој на крајот победи со 2:1. По мечот, Португалецот толку многу бил гладен, што не можел да ја чека екипата да се подготви за заминување во ресторан или хотел на вечера, па реши да јаде сам. Мурињо купил храна и седнал на улицата покрај стадионот за да се најаде додека се подготви екипата.

Тренерот на Рома објасни дека седнал на улица да јаде затоа што немал дозвола за влез во соблекувалната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

 

- Оглас -

Најнови вести