Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, по шокантниот пораз од 0-4 на гостувањето кај Удинезе, филозофски изјави дека подобро е еднаш да се загуби со ваков резултат отколку четири пати да се загуби со по 0-1.
„Против екипа како Удинезе не смееш да си дозволиш да губиш со 0-1 бидејќи знаат како да се бранат и опасни се од контранапади. Ако прв примиш гол, тогаш сте во проблем. Имавме шанса да изедначиме на 1-1, дури и да водиме со 2-1, но не ги користевме. Претпочитам еднаш да загубам со 0-4 отколку четири пати со по 0-1, бидејќи вака губиш три бода, а на другиот начин 12“, изјави Мурињо.
Инаку ова е трети пат Мурињо да загуби лигашки меч со четири или повеќе голови разлика. Најтешкиот лигашки пораз му е од 2010 година, кога со Реал Мадрид беше декласиран од Барселона на Пеп Гвардиола со 0-5, па во 2019 со Манчестер јунајтед загуби 0-4 од Челзи на Антонио Конте и вчера Андреа Сотил стана трети тренер кој го прегазил Португалецот со четири или повеќе голови разлика.