Дербито меѓу Челзи и Манчестер јунајтед го обележи инцидент во самиот финиш на средбата. Баркли погоди за 2-2 во судиското надополнување, а од клупата каде се наоѓаше стручниот штав на „сините“ малку се претера во радувањето за голот.
Еден од асистентите на Маурисио Сари истрча пред клупата на Јунајтед, па со гестикулации кон Мурињо се обиде да го испровоцира менаџерот на „црвените ѓаволи“ и му успеа. Мурињо веднаш стана да се пресметува, но Португалецот потоа истакна дека ситуацијата е решена и дека му се извиниле за реакцијата.
„Не бев јас тој кој реагираше прв, туку асистентот на Сари. Беше исклучително непристоен, но, Сари ја смири ситуацијата и се извини. И двајцата се извинија и јас го прифатив тоа. За мене приказната е завршена, нема потреба да правите фама како што знаете да правите. Ниту му го знам името на тој тренер, ниту сакам да го знам“, се изјасни Мурињо на новинарите.