Мурињо се расплака како мало дете кога сфати дека е во финалето на Конференциската лига (Видео)

Рома и Феенорд се запишаа како првите екипи кои ќе играат во финалето на Конференциската лига на УЕФА. Ова натпреварување првпат е воведено оваа сезона, а тренерот Жозе Мурињо ќе биде дел од финалето како предводник на Рома.

Во полуфиналето, Рома на „Олимпико“ минимално со 1:0 го победи Лестер, а тоа беше доволно да се радува на финале. Веднаш по завршување на средбата, Мурињо го преплавија емоциите и почна да плаче од радост.

Португалскиот стратег е првиот во историјата на фудбалот кој стигнал до финалиња на УЕФА натпреварувањата со четири различни клубови.

- Оглас -

Најнови вести