Мурињо си го фали својот играч: Замолете го Смолинг повторно да игра за Англија

Жозе Мурињо ретко калкулира, а и сега си го фали својот играч Крис Смолинг, кој игра одлично за Рома во континуитет и му препорача на селекторот на Англија да го врати во репрезентацијата.

„Смолинг? Јас да сум селектор на национален тим, секогаш би сакал да имам таков играч во составот“, рече Мурињо како одговор на новинарско прашање дали Крис треба да игра за Англија на Мундијалот во Катар.

Смолинг има 31 меч за Гордиот Албион, но не е повикан од 2017 година, односно цели пет години.

Герет Саутгејт допрва треба да објави кои репрезентативци ќе патуваат на Светското првенство во Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести