Мурињо со нови методи: На тренинг на Рома донесе џиновски екран

Жозе Мурињо веќе започна со работа во Рома и веднаш го привлече вниманието. Португалскиот стратег реши да направи „затворен“ тренинг, па дури и на клупскиот медиум не му беше дозоволено да биде дел од тренингот, освен во првите неколку минути.

Специјалниот како прва цел што ја зацртал била со сите фудбалери посебно да направи разговор и да ги запознае, а потоа на тренингот направи еден чуден потег. Во тренинг кампот, на теренот донесе огромен екран.

„Улогата на големиот екран е да се биде темелен. Мурињо постојано ја стопираше играта и ги покажуваше потребните ситуации на теренот. Сите во екипата го следат многу внимателно“, стои во објаснувањето за големиот екран кој е на тренингот на Рома.

 

- Оглас -

Најнови вести