Мурињо со Тотенхем гостува кај англискиот првак, затоа не очекувајте многу голови на „Енфилд“

1007 Ливерпул – Тотенхем (21ч)

Евентуална победа на која било екипа ќе го издвои лидерот и првиот претендент за титулата во Премиер лигата, со оглед на тоа дека Ливерпул и Тотенхем досега го делеа првото место на табелата. Мурињо го очекува тешка задача да го најде победничкиот рецепт против Црвените, кои се непоразени во 65 последователни лигашки дуели на домашен терен.

Тотенхем воедно е во негативна серија од пет последователни порази во сите натпреварувања против актуелниот првак на Англија, што уште повеќе го отежнува предизвикот на гостите од Лондон. Јирген Клоп иако не може да смета на голем број првотимци, досега немаше многу проблеми да издвојува позитивни резултати.

Нема сомнежи дека Ливерпул ќе ја диктира играта и од самиот почеток на дербито ќе атакува на три бода, Специјалниот многу добро знае како се „гуши“ натпревар, па затоа не треба да се очекуваат многу погодоци на „Енфилд“. Инаку Ливерпул како домаќин во последните пет меѓусебни средби против Тотенхем редовно забива по два гола.

Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.93)

 

1302 Барселона – Реал Сосиедад (21ч)

Сосиедад нанижа три ремија, но го задржа лидерското место кое сега го дели со мадридските гиганти Реал и Атлетико по бројот на бодови. За да докажат Баскијците дека не случајно се наоѓаат високо на табелата по одиграна третина од првенството во Шпанија, ќе треба да покажат добра игра против Каталонците.

Сепак, „Камп ноу“ е место на коешто Сосиедад не знае за победа речиси две децении, а Барселона како домаќин ужива неверојатна серија од 24 последователни победи против оваа екипа. Со оглед на тоа во каква форма се наоѓа тимот на Куман, можеби токму вечерва ќе се стави крај на победничката низа на Каталонците, освен ако Меси не ја преземе одговорноста и ги реши дилемите како што го стори тоа изминатиов викенд против Леванте.

Евентуален триумф на Барселона може да ја одведе екипата до топ 5 местата на табелата.

Предлог тип: 1 & 0-4 (2.12)

 

3006 Интер – Наполи (20:45ч)

Двете екипи влегуваат во дербито со серија од пет, односно шест меча без пораз, но фудбалерите на Интер не се во добро расположение по елиминацијата од ЛШ, иако триумфираа кај Кајлари во претходното коло.

Конте за овој меч нема да смета на борбениот Видал, додека кај Наполитанците уште недостасува најскапиот фудбалер во клупската историја, Виктор Осимхен. Гатузо изминатиов период како да заборави на Елмас, но можеби вечерва ќе му даде поголема минутажа на македонскиот дијамант, кој дефинитивно има квалитет да ја направи разликата на теренот.

Во рамките од Серија А, Интер е непоразен во три натпревари против Наполи кои се одиграа на „Џузепе Меаца“, додека гостите од Неапол имаат подобар учинок од 2-1 во последните пет меѓусебни дуели во сите натпреварувања, а два меча завршија со нерешен резулат.

Предлог тип: ГГ (1.61)

 

1707 Олимпик Лион – Брест (21ч)

Лион по триумфот на гости кај шампионот ПСЖ, изби во преден план во трката за титулата во Франција, а со добиената самодоверба по добиеното дерби, Лавовите вечерва би требало да ја оправдаат фаворитската улога.

Домаќините се во серија од пет последователни победи во шампионатот, односно 11 меча се без пораз, за разлика од Брест, кој веќе ги загуби половина од натпреварите по 14 кола во Лига 1.

Поради тоа што беше откажана минатата сезона, Лион не доби шанса за втор дуел против Брест, а нивната прва средба лани заврши со реми 2-2. Сега Лавовите ќе треба да покажат квалитет како моментално една од најефикасните екипи во Франција.

Предлог тип: 1 сигурна (2.50)

 

1808 Келн – Баер Леверкузен (20:30ч)

Леверкузен е меѓу најпријатните изненадувања во Бундеслигата досега како лидер по 11 кола. Фармацевтите вечерва гостуваат во Келн, во обидот да го задржат првото место и како еден од двата непоразени тимови во германскиот шампионат да продолжат со редењето позитивни резултати.

Составот на Питер Бош делува доста опасно, во изминатиов период одржува просек од речиси три гола на гости, додека уште подобар просек на погодоци има на домашен терен.

Дуелите против Келн редовно се интересни и неизвесни, во последните пет меѓусебни дуели учинокот е 2-2 и едно реми, додека Фармацевтите се надеваат дека вечерва ќе го прекинат постот од четири и пол години без победа на стадионот „Рајн енерџи“.

Предлог тип: X2 & 2-4 (1.83)

 

- Оглас -

Најнови вести