Мурињо сурово му се закани на Бејл и му порача дека може веќе никогаш да не заигра фудбал

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо започна да го губи трпението со Герет Бејл. Велшанецот кој пристигна во англискиот тим како позајмен играч од Реал Мадрид, уште не може да се вклопи во тимот на Мурињо, па тренерот реши да му даде „жолт картон“.

Медиумите од Англија информираат дека на клупската телевизија на Тотенхем се појавил клип на кој Мурињо зборува со својот помошник Жоао Сакраменто и му го објаснува последнито разговор што го имал со Бејл. Мурињо на Бејл му порачал: „Сакаш да останеш тука, или сакаш да се вратиш во Реал Мадрид и никогаш повеќе да не заиграш фудбал?“

Откако Бејл се врати во Тотенхем, вкупно има одиграно 161 минута во Премиер лигата и само на еден меч беше стартер. На последниот меч на Тотенхем на гости кај Шефилд, Бејл преседе на клупата за резерви.

 

- Оглас -

Најнови вести