Мурињо во Рома носи соиграч на Пандев

Рома е блиску да го комплетира трансферот на Елдор Шомуродов, 26-годишниот напаѓач на Рома. Волчицата се договори со клубот на Горан Пандев околу позајмица за новата сезона, за која ќе плати 2,5 милиони евра, а дополнителни 15,5 милиони евра ќе ги исплати следното лето, кога ќе го откупува договорот на узбекистанскиот голгетер.

Мурињо со 190 сантиметри високиот Шомуродов доведува конкуренција за Един Џеко во нападот, кој пак минатата сезона забележа 8 погодоци во 31 настап за Џенова во Серија А.

Во меѓувреме, Рома работи на трансферот на Гранит Џака од Арсенал, за кого се предвидени околу 20 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести