Мурињо во свој стил: Ова беше за публиката, а ако дадевме петти гол, никој немаше да нè гледа

Рома оствари победа на гостувањето кај Емполи од 4:2, иако по првото полувреме водеше со убедливи 4:0.

Римската волчица оваа сезона има проблеми со одбраната и на неколку средби испушти убава предност, па на крајот си замина со пораз.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, сега беше расположен за шеги.

„Што се однесува до второто полувреме, ние го одигравме за публика бидејќи ако дадевме петти гол, никој немаше да не гледа.

Вака сите останаа до самиот крај покрај ТВ-екраните. Пред почетокот на натпреварот знаевме дека Лацио, Аталанта и Фиорентина пропуштија бодови и ни беше важно за да победиме“, изјави Мурињо.

По оваа победа, Рома има 38 бода и е на шестото место во Серија А по 23 одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести