Мурињо застана во одбрана на Смолинг

Жозе Мурињо се огласи по дуелот на Крис Смолинг и Лионел Меси за време на мечот Манчестер јунајтед – Барселона во средата, кога настрада носот на Аргентинецот. Тимот кој Мурињо го водеше до пред четири месеци, загуби 0-1 од Барса и ќе му треба чудо на реваншот на „Камп ноу“ за да се пласира во полуфиналето.

Но, Мурињо има свое гледиште и на моментот кога дефанзивецот на Јунајтед со рака го удри во лице Меси, па ситниот Аргентинец остана да лежи на тревата со раскрварен нос. Португалецот мисли дека Смолинг немал намера да го повреди Меси, туку ова се случило бидејќи играчот на Манчестер има многу долги раце.

„Таа ситуација е нормална и се случува на секој натпревар. Смолинг е високо момче со многу долги раце. Тоа е сè. Сигурен сум дека немал намера да го повреди Меси“, рече Мурињо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести