Мурињо збесна во немоќ, ова шести пат му се случува на Тотенхем сезонава

Тотенхем пропушти шанса да се искачи на четвртото место на табелата, откако одигра само 2:2 на гостувањето кај Њукасл, во меч од 30. коло на Премиер лигата. Њукасл прв даде гол, но гостите од Лондон се тие кои жалат што не ги освоија трите бода.

Хари Кејн постигна два гола во рок од четири минути и на Тотенхем му донесе водство на полувреме од 2:1.

Предноста на гостите беше се до 85 минута, кога Вилок погоди за Њукасл и донесе гоелма радост за домаќините, за конечни 2:2. Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо во немоќ гледаше како неговиот тим повторно испушта предност и наместо три бода, на крајот освојува само еден.

Сезонава, Тотенхем шест пати не успеал да победи, а на полувремето да има водство, што е најмногу од сите клубови во Премиер лигата. По 30 одиграни кола, Тотенхем е на петото место со 49 бодови, два помалку од четвртопласираниот Челзи. Според актуелната ситуација, Челзи, Тотенхем и Ливерпул ќе водат голема битка за четвртата позиција, иако ни Лестер, ни Манчестер јуанјтед не се многу пред нив.

 

- Оглас -

Најнови вести