МОЛ Фехервар ќе игра во четвртфиналето од Купот на Унгарија благодарение на македонскиот репрезентативец Висар Муслиу. Муслиу го постигна победничкиот гол против Ујпешт во реванш-средбата, а за конечни 1-0 стрелаше во 89-тата минута.
Македонскиот стопер се најде во првиот состав на домаќините и максимално ги искористи минутите, а со голот се покажа како клучен фактор.
На клупата за резерви се најде и вториот наш репрезентативец кој ги брани боите на МОЛ Фехервар, Бобан Николов, но тој не истрча на теренот бидејќи пред извесно време закрепна од повредата на петата. Тоа е добра вест за селекторот Ангеловски и нашата репрезентација во пресрет на важниот дуел против Косово во плејофот од Лигата на нациите, кој ќе се одигра следниот месец во Скопје.