Трајковски одигра во НБА стил, малку е една ластовичка за да се сопрат Штрковите од Аеродром

МЗТ Скопје забележа нова победа во македонското првенство и вечерва успеа да го победи Феникс 2010 со 78:70 на гостински терен.

Штрковите имаа и 20 поени предност, водеа со 66:46 во финишот на третиот период, но им дозволија на домаќините да направат серија од 13:0 и да го направат неизвесен финишот на мечот.

Предводени од фантастичниот Бојан Трајковски, кој одигра во НБА стил со 25 поени и 16 скока, Феникс се доближи на само два поени минус, 66:68 на пет минути до крај, па имаше неочекувана драма.

Сепак фаворитот навреме се разбуди, со нова серија од 5:0 поведе со 73:66 и не дозволи шокантен пораз на меч на кој водеше со 20 поени разлика.

Кристијан Никлов беше прв стрелец кај МЗТ Скопје со 12 поени, а само тој.Мекиќ со 11 поени, Ивеј со 10 поени и Трајковски со 25 кај Феникс имаа двоцифрен број на поени.

МЗТ Скопје остана на второто место на табелата во Првата лига со 46 бода, еден помалку од лидерот Пелистер, а Феникс е шестти со 38 бода.

 

 

- Оглас -

Најнови вести