МЗТ Скопје Аеродром го пречекува Задар во натпревар кој може на клубот од „Јане Сандански“ да му донесе враќање во елитната АБА-лига. По победата на гости во Задар, МЗТ сега е во улога на домаќин и пред своите фанови од 18 часот има одлична прилика да ја оствари главната цел за оваа сезона.
„Ова е исклучително важен меч како за нашиот клуб така и за целокупната македонска клупска кошарка. Не смееме да мислиме на првиот меч. Свесни сме дека Задар е силна и искусна екипа, но ние ќе се фокусираме да одиграме со уште поголема енергија и ангажираност. Задар сезонава игра подобро на гости и тоа нема да го занемариме. Се надевам дека со помош на публиката моите играчи ќе одиграат и над можностите и на крајот заеднички ќе славиме“, изјави тренерот Ѓорѓи Кочов.
Според квотите во Sport Life, фаворит на хартија е македонскиот тим, па можете и да се обложите на овој меч.
Тренер на Задар е Анте Назор, последниот човек со кој МЗТ има освоено титула во домашното првенство. Назор по првиот меч велеше дека некои негови играчи не сакат да се видат со очи, но сега тврди дека во Задар има хемија и заедништво.
„Ние честопати по колапс, реагиравме добро. Во Скопје сме дојдени за да ја вратиме серијата во Задар. Екипата е мобилизирана, мотивирана, прашање е дали можеме да се победиме самите себеси“, вели Назор.
Во Скопје, резултатот во меѓусебните дуели помеѓу МЗТ и Задар е 4-2.