МЗТ го брани куп-трофејот, ТФТ и Пелистер ја отвораат серијата од четирите денешни дуели

Викендов, во големата сала на „СРЦ Кале“ во Скопје, осум тима во машка и четири во женска конкуренција ќе се борат за трофеите во кошаркарскиот Куп на Македонија.

Денеска се играат сите четири машки четвртфиналиња. Прв на програмата од 12 часот е дуелот на ТФТ и Пелистер. ТФТ како домаќин игра во СРЦ Кале, па тоа треба да биде нивна предност, но за ривал го имаат тимот кој сезонава не знае за пораз на домашна сцена. Во декември, Пелистер како гостин го победи ТФТ со 74-71.

Според квотите во Sport Life, битолчани се фаворити.

Потоа од 14.30 се игра уште еден интересен меч, бранителот на трофејот, МЗТ Скопје Аеродром, за противник го има опасниот Гостивар. Од 17 играат Работнички – Феникс, на крај од 19.30 е Еуро Никел – ФМП Академија.

Изедначеноста сезонава во првата лига е голема и на ниту еден меч нема огромен фаворит за кој однапред може да се тврди дека сигурно ќе победи. Работнички донесе двајца странци, па веројатно и најтрофејниот клуб веќе нема да биде топовско место како изминатиот период.

Влезот во салата е слободен, но задолжително е носење заштитна маска и при влезот приложување сертификат за вакцинација или прележан ковид-19 во последните шест месеци.

- Оглас -

Најнови вести