МЗТ и Работнички дефинитивно ќе играат во втората АБА-лига

Македонија останува без свој претставник во главната АБА-лига, ама во втората јадранска лига ќе има два претставника, и тоа скопските ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. Иако имаше најави дека Металците можеби ќе добијат покана за влез во АБА на местото на Приморска, сепак засега тоа нема да се случи бидејќи клубот од Копер тврди дека ќе го реши проблемот со Словенечката федерација и ќе игра во првата словенечката лига.

На денешниот состанок на Собранието на АБА донесена е одлука АБА 2 во наредните четири сезони да има по 14 клуба.

Сезоната 2020/21 во АБА 2 ќе почне на 23 септември 2020 и ќе трае до 7 април 2021, додека плејофот стартува на 14 април. Во оваа лига ќе учествуваат МЗТ Скопје, Работнички, Горица, Хелиос санс, Ловќен, Слобода Ужице, Спарс, Сутјеска, Широки, Златибор, Младост Земун, Студентски центар, Слобода Тузла и Подгорица.

- Оглас -

Најнови вести