МЗТ и Работнички може да гостуваат само во Србија, и ќе платат до 100.000 евра за тестови

Ситуацијата со коронавирусот го искомпликува почетокот на новата сезона во регионалната АБА лига, како и АБА 2, во која ќе играат македонските клубови МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. Никој не знае до кога ќе трае кризата, па има неизвесност дали регионалната кошаркарска лига ќе може да почне во октомври како што беше планирано.

Проблеми се минувањето на границите, и високата сума која клубовите треба да ја платат за тестови. Во моментов, нема шанса лигата да се игра, бидејќи границите се затворени за повеќето земји. МЗТ и Работнички може да патуваат и гостуваат во Србија, но не и во другите земји кои имаат тимови во АБА 2.

Што се однесува до тестирањето, предвидено е играчите и стручниот штаб да се тестираат пред секое коло, а тестовите ќе треба да си ги платат самите клубови. Проценката е дека за цела сезона, секој клуб е треба да плати минумум 50.000 евра, можеби дури и 100 илјади. Толку пари немаат ниту многу тимови од првата АБА, а за мнозинството јадрански второлигаши тоа е премногу и тешко дека може да си дозволат да платат толку многу за тестови.

Има размислувања лигата да почне некаде во декември, но и за тогаш никој не може да гарантира дека границите ќе бидат отворени и дека нема да има потреба од тестирања пред секој меч.

- Оглас -

Најнови вести