МЗТ на денот на дерби се пофали со нов крилен центар

Босанскиот репрезентативец Харис Делалиќ (29 год, 203 см) е новото засилување за МЗТ Скопје Аеродром за вториот дел од сезоната откако денеска потпиша договор со Штрковите со важност до крајот на сезоната.

Тој доаѓа од таборот на Игокеа, каде што изминативе две сезони настапуваше во АБА-лигата.

Делалиќ веќе е пристигнат во Скопје и вечерва ќе ги бодри новите соиграчи од трибините на вечното дерби против Работнички, додека од утре ќе му се стави на располагање на тренерот Васко Атанасов.

Неговото деби во сино-белиот дрес се очекува на претстојниот турнир од АБА 2 лигата, кој ќе се одржи во Нови Сад во периодот помеѓу 29 јануари и 4 февруари, а каде што МЗТ ќе ги одмери силите со Шенчур, Шибенка и Војводина.

- Оглас -

Најнови вести