МЗТ ниже порази против директните конкуренти во АБА-лигата, навреди од „Фемили“ во финишот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром претрпе нов домашен пораз во АБА-лигата против директен ривал од битката за опстанок. Сплит славеше со 85-80.

Ако продолжи вака, за МЗТ преселбата во АБА 2 е извесна бидејќи до крајот на сезоната против сите конкуренти против кои евентуално може да победи со ваков состав, тимот ќе треба да гостува.

МЗТ водеше со 4 поени разлика по три четвртини игра, но Штрковите беа очајни во последната четвртина, па во финишот добија и навреди од нивните верни навивачи, кои предвреме ја напуштија трибината.

Војдан Стојановски со 17 поени беше прв стрелец во поразениот тим, Мајкл Кефи даде 15. Иако Сплит не доминираше во скоковите, имаше многу повеќе поени од рекетот и повеќе погодени слободни фрлања, што се покажа како клучно. Кај Сплит, прв стрелец беше некогашниот бек на МЗТ, Доминик Мавра.

- Оглас -

Најнови вести