МЗТ Скопје Аеродром има водство со 1:0 во победи против екипата на Маџари и вечерва во „Јане Сандански“ повторно на свој терен го игра вториот дуел од финалната плејоф-кошаркарска серија. Маџари е тим кој сезонава е дебитант во елитното кошаркарско друштво и веднаш успеа да се избори за место во плејофот и сега игра во финале за трофејот.

Актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром атакува на 13-тата титула. Домашниот терен и традицијата се на страната на аеродромци, но Маџари на првата средба покажа дека знае да биде опасен ривал.
МЗТ и Маџари сезонава одиграа вкупно четири средби и на сите четири победи актуелниот првак. Интересно е дека сите четири победи беа изразени со предност меѓу седум и 13 разлика.

