3537 БАТЕ Борисов – Динамо Минск (19:30 ч.)
БАТЕ Борисов е тимот кој во 21 век доминира во белоруското првенство и освои дури 14 титули, а шестпати беше втор. Сепак, сезонава БАТЕ е бледа сенка од тие убави времиња, па по првите седум кола има само една победа и е на 14-тото место на табелата од 16 екипи, само со седум бода. Динамо е во многу подобра форма и има пет победи во седум средби, па затоа и сега ја има улогата на фаворит на гости.
Сепак, БАТЕ само пред четири дена го победи Динамо во финалето на Купот и го освои трофејот. По регуларниот дел беше 1:1, а потоа БАТЕ се радуваше на пенали. Динамо има пет победи во последните седум меча со овој ривал, а најчесто нема повеќе од три погодоци.
Предлог тип: Х2&0-2 (2.04)
5685 Замалек – Керамика Клеопатра (19 ч.)
Египетскиот гигант Замалек секогаш е во улога на фаворит на свој терен. Сепак, Керамика Клеопатра е ривал за почит, а традицијата покажува дека кога играат овие ривали, головите не фалат. На последните седум меча имало два или повеќе погодоци, па и сега треба да се тресат мрежите, а, секако, Замалек треба да е поблиску до освојување на трите бода.
Предлог тип: 1&2-4 (2.45)
3545 Транс Нарва – Паиде (18 ч.)
Дуел од естонското првенство каде што по 12 одиграни меча, тимот на Транс Нарва е закован на дното на табелата само со шест бода. Дури осум порази по ред има Транс Нарва, а по еднаш губеше и со примени пет, шест и седум голови, што само покажува колку е слаба нивната одбрана.
Паиде е тим кој трипати по ред слави во првенствени пресметки со Транс Нарва и гостите секако ќе се обидат да ја продолжат оваа низа.
Предлог тип: 2&1+I&1+II (2.01)
2501 Лилесторм – Кристијансунд (19 ч.)
Лилесторм со 19 бода од девет меча е на третото место во норвешкото првенство, додека Кристијансунд има само две победи во осум меча и на последните четири кола нема триумф.
На последните пет меча на овие ривали секогаш имало барем два погодока, па и сега може да се очекуваат возбудувања.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.77)
6021 Фрајбург – Астон вила (21 ч.)
Финале на Купот на Лигата на Европа, каде што на хартија фаворитската улога е за Астон вила. Тимот од Вила парк имаше одлична сезона и преку првенството обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона. Фрајбург заврши на седмото место во Германија и ако сега го освои трофејот во Лигата на Европа, ќе игра во Лигата на шампионите, но ако загубим ќе игра во Конференциската лига.
Во вакви финалиња, каде што влогот е огромен, решаваат нијанси и најчесто двете екипи сакаат многу да тактизираат и да не направат некоја голема грешка.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.30)

