Првата ѕвезда што ќе дојде во Сити во ерата на Мареска е од Челзи

Со очекуваното пристигнување на Енцо Мареска на менаџерската позиција во Манчестер сити, веднаш започнуваат и шпекулациите околу плановите за претстојниот летен преоден рок. Според извори блиски до клубот, примарна цел на италијанскиот стратег е играчот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандес, со кого веќе имаше успешна соработка на „Стемфорд бриџ“.

За реализација на овој трансфер, раководството на актуелниот шампион е подготвено да испрати официјална понуда вредна 115 милиони евра, сума која во голема мера ја покрива инвестицијата на лондонскиот клуб.

​Од друга страна, Челзи наводно нема намера да се противи на оваа зделка, пред сè поради потребата да ги балансира своите финансиски сметки по огромните трошоци во изминатите неколку преодни рокови.

Мареска во својот поранешен избраник гледа идеално освежување за средниот ред на Сити и играч кој совршено го познава неговиот систем на работа.

Иако Аргентинецот неодамна беше цел на жестоки критики од јавноста поради наводните преговори со Реал Мадрид, се чини дека преселбата на „Етихад“ во моментов е многу пореална опција која брзо би можела да се договори по завршувањето на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести