МЗТ Скопје Аеродром од самиот старт ќе нападне против Цедевита јуниор

Само по една година помината во елитното регионално натпреварување АБА-лига, МЗТ Скопје Аеродром сезонава повторно се враќа во Втора лига. Македонскиот првак во првото коло од АБА 2 лигата, на теренот во Суботица ќе игра против екипата на Цедевита јуниор.

Тренерот на МЗТ Скопје Асеродром, Васко Атанасов, вели дека неговиот тим е меѓу фаворитите за висок пласман во ова натпреварување, но тоа треба да се потврди и на теренот.

„Средбите во Суботица ќе бидат одличен тест за нашата сила и за квалитетот со којшто располагаме. Со амбиции за највисок пласман влегуваме во АБА2, која ќе се игра забрзано, па речиси да немаме право на грешка. Против Цедевита јуниор ќе пробаме од стартот да го наметнеме ритамот и нашиот стил на игра и да го искористиме завидното искуство, кое многу ќе значи во ова натпреварување. Верувам во својот тим и во успешен старт на јадранската лига“, вели Атанасов.

- Оглас -

Најнови вести