Финалната серија од кошаркарското првенство на Македонија се сели во Битола. МЗТ Скопје двапати победи дома и веќе има убедливи 2-0 во серијата против Пелистер, па со едно победа во Битола ќе ја одбрани титулата во првенството.
Аеродромци веќе освоија еден трофеј оваа сезона во Битола, оној од Купот на Македонија, откако во финалето го победија Пелистер, па веќе денес че имаат можност повторно да се радуваат на трофеј во градот на конзулите.
Сепак, квотите во Sport Life се на страната на домашните. Победата на Пелистер има квота од 1.66, додека квотата за победа на МЗТ Скопје, воедно и за освојување на шампионската титула уште денес, изнесува 2.30.
Оваа сезона финалистите веќе одиграа шест меѓусебни натпревари, по два во регуларниот дел од првенството и финалето, додека по еднаш се сретнаа во АБА-2 лигата и Купот на Македонија. Билансот е четири победи на МЗТ Скопје и две на Пелистер.