МЗТ Скопје со челична одбрана до победа во Сараево

МЗТ Скопје конечно одигра добра одбрана и ефектот е втора победа на стартот на АБА 2 лигата. Вечерва во Сараево победен е Спарс со 77:65.

Џабари Хајндс одигра одличен меч за гостите од Скопје и со 23 поени, 9 скока и 8 асистенции доминираше на паркетот во спортската сала „Ново Сараево“.

На Американецот му фалеше малку за трипл-дабл, но и вака излезе добро за МЗТ Скопје. Дамјан Стојановски постигна 12 поени, а Омот уфрли 10 за расположените гости.

Домаќините водеа по првиот период со 20:16, а потоа се случи пресврт и скопјани ги добија останатите три периоди за победа од 12 поени разлика.

Камењаш кај Спарс беше најефикасен со 16 поени, но тоа не беш доволно да се спречи пораз на тимот од БиХ. МЗТ моментно е лидер со две победи во стартните две кола и врвот ќе го брани против Рогашка во Скопје, во меч од третото коло во АБА 2 лигата.

- Оглас -

Најнови вести