МЗТ со шести Суперкуп по ред, битолчани се држеа само едно полувреме

МЗТ Скопје Аеродром ја збогати својата трофејна ризница откако вечерва во СРЦ Кале го совлада Пелистер со 78-64 во Суперкупот на Македонија.

Битолчани водеа по првото полувреме со 37-35, но во вториот дел до израз дојде поголемиот фонд на расположени играчи кои ги има МЗТ, и на „мускули“ го добија натпреварот против пелистерци кои драстично паднаа и немаа сили да парираат 40 минути.

МЗТ има седум трофеи во Суперкупот, и убедливо е најуспешен во ова натпреварување кое се играше 12 пати. Првиот трофеј за МЗТ во Суперкупот беше во 2003 година, кога тренер им беше актуелниот тренер на Пелистер, Александар Петровиќ.

Слај со 14, Крстевски со 13 и Маслинко со 12 поени беа најефикасни кај МЗТ, додека во поразениот тим некогашниот играч на МЗТ, Бојиќ, имаше 26 поени.

Титулата во женскиот Суперкуп му припадна на Баскет Кам кој го победи МЗТ Скопје со 74-54.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести