МЗТ во „Битка на Неретва“, Кожув стартува во БИБЛ

МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 19 часот му гостува на Зрињски во Мостар, во дуел од втората АБА-лига, и ќе се обиде да дојде до првата госитнска победа во ова регионално натпреварување.

Тимот од градот на реката Неретва не знае за победа, тие се најнеефикасен тим во АБА 2, но во своите редови имаат искусни и квалитетни играчи. Зрињски е актуелен првак на Босна и Херцеговина, па МЗТ воопшто нема да има лесна задача, особено што во тимот на тренерот Ѓорѓи Кочов ќе го нема бекот Џејмс Вудард, кој е повреден.

„Во натпреварот влегуваме без калкулации. Зрињски е противник кој не смее да се потцени. Тие се како ранет лав и по четири порази по ред, одвај чекаат некого да `гризнат`. Се надевам дека нема ние да бидеме нивната прва жртва. Ќе ни треба организирана и смирена игра, и агресивност на двете страни од теренот. Се надевам дека нема да ја испуштиме победата како против Приморска“, изјави Андрија Бојиќ.

ГЕВГЕЛИЧАНИ ГОСТУВААТ ВО СТАРА ЗАГОРА

Екипата на Кожув од 17.30 часот има тежок испит на првиот настап сезонава во БИБЛ. Станува збор за гостување кај Берое во Стара Загора. Бугарскиот тим славеше во првиот меч, но против Кожув нема да смета на еден до двајца важни играчи. Кожув има микс од младост и искуство и само ако дадат максимум, може да се надеваат на триумф.

- Оглас -

Најнови вести