МЗТ во финале, Штрковите утре ќе се борат за 12-тата куп титула

МЗТ Скопје Аеродром е прв финалист на кошаркарскиот Куп на Македонија, откако вечерва во Битола го совлада лутиот ривал Работнички со 81-76.

МЗТ кој е најтрофеен клуб според титулите во купот, утре против Пелистер или Еуроникел ќе се бори за 12-тата куп титула во својата историја. Работнички останува на десет.

Првото полуфинале беше интересно и неизвесно до крај, но во поголемиот дел од средбата водеа Штрковите кои имаа повеќе расположени поединци во составот за разлика од кај Центарци кај кои се истакнаа двајцата Американци, но изостана поголема поддршка за нив.

- Оглас -

Најнови вести