Многу причини за задоволство имаше еден обложувач од Гевгелија, кој викендов си заработи над 5.000 евра, на многу едноставен начин. На тикет на којшто има само пет мечеви, и тоа сите одиграни во саботата од 15:30 или 16 часот, само со 500 денари влог, добивката изнесува 312.917 денари.
На сите мечеви, комбинациите се речиси идентични. Одиграни се двознаци на страна на фаворитите, а погодено е и дека на сите пет мечеви во првото полувреме ќе бидат постигнато од два до три погодоци.
Волфсбург со 2:0 победи на гости кај Кил, а двата погодоци гостите ги дадоа во првото полувреме. Штутгарт и Мајнц одиграа драматичен меч кој заврши 3:3, а по првото полувреме резултатот беше 2:1 за домаќините. Ајнтрахт во Франкфурт со 3:1 славеше над Хофенхајм, а домаќините на полувреме водеа со 2:0.
Ипсвич и Фулам ремизираа 1:1, а двата погодоци на овој премиерлигашки дуел беа постигнати во првото полувреме. Во данското првенство, Архус со 4:2 го победи Нордсјиланд, а на полувреме беше 1:2, што значи дека беа постигнати три погодоци.
Сите посакувани комбинации на тикетот се добитни и на тој начин обложувачот од Гевгелија си заработи 5.000 евра само со 500 денари влог.